Пладневна јога со Лидија Котевска и јога клуб “ТАРА”

(Поврзаноста на јогискиот поим Ахимса со веганството и вегетаријанството и одржување на пладневни јога вежби и асани)

Напомена:

Драги  заинтересирани за часот по јога, Ве потсетуваме дека часот ќе биде од интерактивна природа и дека содржи  практичен дел од јога вежби и асани. Од таа причина бидете комотно облечени и понесете си чергичка, ќебе или било каква подлога за вежбање.

 

Лидија Котеска е инструктор по јога, основач на јога клубот „Тара“ во населба Аеродром. По професија е психолог, а со јога се занимава повеќе од 10 години. Во Јога Клубот “Тара” ги води почетните, средните и напредните групи, како и јога групите за трудници. Одржува семинари и предавања од областа на јогата. Во текот на пролетниот и летниот  период, за време на викендите, одржува бесплатни јога часови во парковите на нас. Аеродром. Oрганизира  и предава јога на летните јога кампови на Преспанско Eзеро.

 Yoga

Како поддржувач на веганството и голем љубител на животните и оваа година ќе земе активно учество на Вегефест. Нејзината мисија  е подигање на свесноста кај луѓето за подобар, посреќен и поздрав живот преку континуирана работа и долгорочно  вложување на луѓето во себе и својот личен развој.

Ненасилството како врз себе си, така и врз сите живи суштества е еден од клучните морални принципи на јогата, наречен АХИМСА. Ахимса значи некористење на човечките моќи за повредување на друго суштество, контрола на своето поведение и достигање на апсолутно воздржување од насилство во мислите, зборовите, делата… Така, преку јогата, вегетаријанството, веганството настанува како резултат на  континуиран процес на себеспознание и развој. Понекогаш, потребен е напор за да се постигне тој степен на апсолутно ненасилство, особено кога се однесува на мислите и зборовите, но не помал е и напорот кога станува збор и за физичко неповредување на другите суштества. Јогата како вештина за постигнување на баланс помеѓу телото, умот и духот во својата длабока суштина значи вложување напор и градење  самодисциплина, што значи дека често пати свесно и со просветлен напор ќе направиме отстапување од некои однесувања доколку тие однесувања се косат со принципите на јогата. Во конкретниов случај тоа значи дека правиме просветлен напор да се воздржиме од исхрана која сме ја добиле како резултат од претрпена болка, очај и страв на друго суштество. Во тој процес ние сме го разбудиле просветлениот мотив и сме дошле чекор поблиску до нашето себство, нашето вистинско јас.

Вистинското, длабоко искрено и суштинско практикување на јога  отвара нова димензија на животот. Јогата учи дека,  доколку се придржуваме на принципот на неповредување (ахимса) ќе живееме во олеснување и добросостојба. Живот во здравје, радост и љубов  посакува секој, а штом во себе го постигнеме и знаеме да го одржуваме мирот и радоста, нашето срце станува несебично и моќно, полно со љубов кон сите суштества.

Токму  тој мир е извор на здравјето и радоста на живеењето!

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s