Психологијата зад „месото“ и апсурдите на „личниот избор“

„Основната алатка за манипулација на реалноста е манипулацијата на зборовите. Ако можете да го контролирате значењето на зборовите, можете да ги контролирате луѓето кои ги употребуваат овие зборови“ – Филип К. Дик

„Месото“ е јазикот на опредметување (објективизација) – обид за „некој“ да се претвори во „нешто“.
Кога ги именува животните како „месо“, месната индустрија пробува да креира морален вакуум во умот на конзумерите, една целосна отцепеност помеѓу идентитетот на животното и месниот производ.

Под зборот „месо“ се крие нивниот спакуван комодитет, презентиран токму онака како што се сите останати продукти на полиците во маркетите, разделен и оттуѓен од живите индивидуи кои тие некогаш навистина биле – индивидуи чии животи некогаш биле обликувани од уникаен спектар од искуства, интереси, емоции, мисли, сеќавања, допаѓања, недопаѓања, радости, стравови, врски, фамилии, пријатели, загуби и болки. Ние треба корегираме нешто повеќе и нешто подлабоко од овој наш јазик заради нивно добро. Јадењето „месо“ е јадење животни, животински лешеви.

peace

Постојано се слуша од луѓето дека „изборот“ мора да се почитува.
„Вие јадете она што сакате и јас ќе јадам она што сакам. И ајде да не им судиме на другите за она што тие избираат да јадат.“

Ако сме уверени дека јадењето животни е избор , тогаш ние мора да веруваме во следните шест апсурди:

1. Дека ние како луѓе имаме некој вид на неискажано и наследно „право“ да убиваме и јадеме животни, без разлика колку тривијални се нашите причини или тоа го правиме само затоа што „ни се може“;

2. Дека луѓето се „супериорни“ над сите други видови и дека некако таа „супериорност“ се преведува во оправдување се` со цел да можеме да им правиме на животните што и да посакаме.
На овој начин , човечките интереси се секогаш „адут “ над интересите на животните, дури и кога човечкиот интерес е тривијален, а животинскиот интерес е прашање на живот и смрт;

3. Дека сите животни погодно постојат само за да му служат на еден единствен вид – нашиот сопствен вид (иако повеќето постоеле во некоја форма милиони години пред ‘Homo sapiens’);

4. Дека со самото припаѓање на некој вид се оправдува искористувањето и дискриминацијата на останатите (што значи специзам);

5. Дека ние може да ги претвориме животните во објекти без да ги направиме жртви;

6. Дека жртвата не постои или не се грижи што се случува со неа.

Од друга страна, ако интересите на животните ги сфатите сериозно , тогаш ќе увидите дека јадењето производи од животинско потекло го повредуваат нивниот најосновен интерес – да живеат како слободни единки, да останат живи и избегнат болка и страдање. А изборот бара контрола и разбирање на опциите. Иако ние законски ги третираме животните како сопственост , никој нема морално „право“ над суверенитетот на другите кои се дизајнирани од страна на природата да бидат слободни единки како што сме ние.

“Ако веруваме во апсурди, тогаш ќе извршуваме злосторства. ” – Voltaire

И. A.

Анима Мунди

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s