Со Фамилија Тангови ќе учиме како до внатрешна смиреност преку танц

familijatangovi

Фамилија Тангови е група на млади луѓе, вљубеници во аргентинското танго, кои мотивирани од волшепствата на овој танц, со многу ентузијазам ја шират својата голема страст. Нивното студио за танц „Танго домче“ се наоѓа на ул. Коста Шахов бр.7, каде во текот на неделата се организираат редовни часови и практики. Тангото го практикуваат на редовни танго игранки, попознати како милонги, кои во понеделниците се одржуваат во кафулето Магор, а во саботите во Танго домчето.

Групата е посветена на аргентинското танго, кој е особен и комплексен танц, со нетипична методологија на изучување. Имено при изучувањето на аргентинското танго, предност не се дава на учење на фигури и чекори туку се анализира начинот на кој може да се пренесе импулс за одредено движење помеѓу двајцата партнери. Станува збор за поврзување на партнерите преку моќта на прегратката која е суштинска работа во овој танц. За ова да функционира, прегратката треба да биде вистински искрена, односно бара целосна меѓусебна предаденост и посветеност на партнерите кои во танцовата прегратка треба да влезат без какви било предрасуди и со единствена цел да уживаат во хармонијата на чекорењето во прегратка по тактот на музиката. Овој принцип резултира со универзален начин на комуникација во тангото, кој функционира помеѓу луѓе кои првпат се сретнуваат, а сепак успешно можат заедно да танцуваат.

Магијата на танцот ги соединува луѓето од различни земји, религии, од различни возрасти и социјални структури, на едно место и со една цел, совладување на танцовиот подиум во меѓусебна хармонија помеѓу партнерите и останатите парови кои танцуваат и просторот околу нив. Танцот ни отвора димензија на смиреност и владеење со телото и духот, кои се клучни во достигнување на хармонија во танцувањето. На тој начин постигнуваме поголема свесност за себеси и за другите околу нас. Како физичка, умствена и духовна активност, танцот како дел од нашето секојдневие не` води кон поисполнет, посреќен и поздрав живот. Согледувајќи на точките на пресретнување помеѓу веганството и тангото во овие принципи на повисока степен на свесност за себеси и околината и достигнување на поздрав начин на живот, ве покануваме да погледнете една кратка интересна презентација на основните принципи што го прават овој танц магично душевно доживување.

 

Искрено ваши

Фамилија Тангови

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s